Теренски истражувања (за идентитетски прашања)

03.07.2020 10:14
Теренски истражувања (за идентитетски прашања)

1
- Вршиме контрола теренска: Вие сте особа женска?

- Не, јас сум особа сценска.

- Имате некаква идентификација? Карта членска?

- Имам адреса поштенска. На Илинденска.

- Можеби сте личност лажна, заменска?!

- Личност сум лажна именска.

- Ќе ве казниме. Ние сме служба хигиенска.

- Служба еугенска? Генска?

- Филогенетска. Семенска.

- Анахрони сте. Аберација временска.

- Рековте, особа сценска?

- Како кога. По потреба. Наменска.

- Ќе ви направиме контрола рентгенска.

- За номенклатурата? И наставата одделенска?!

- За таксонимијата. И крв ќе ви извадиме венска.

- Крвта ми е сесловенска и вселенска.

2
- Вие сте особа машка?

- Јас сум особа лулашка.

- Гледам. Имате и опашка...

- Опашката е башка.

- Имате некоја легитимација, бумашка?

- Бумашка дека сум особа машка?

- Или, на пример, дека сте особа монашка?

- Машка или монашка?

- Би рекол, нашка.

- Нашка не сум. Повеќе монашка.

- А најповеќе лулашка?

- А вие сте шашав? Или особа што тарашка?

- Шашкан сум, од номенклатурата. Со сабја, шашка.

- Баталете шашката. Ај да мавнеме по чашка.

- Оти чашката е блашка.

- Речиси машка.

3
- Вие сте особа трансродна?

- Периодна. Ко за вас: пригодна, погодна и угодна.

- Трансвестит? Вие сте особа неприродна.

- Ви треба за табелата кодна? Особа сум модна.

- Ми треба за номенклатурата меѓународна...

- Транџа, да речеме, со канџи. Вам сродна.

- Ама нецелисходна: транџа без минџа?

- Транџа ко свиња, у уста со поморанџа.

- Транџа за секоја манџа.

- Транџа со пунџа. Истовремено оџа и раџа.

- Но не може да раѓа?!

- Истовремено оџа и оџачар.

- Мислите, транџа, трансродна, преодна?!

- Транџа периодна, природна и народна.

- Природна и народна во смисла родна и плодна?!

- Во смисла старомодна: слободна и благородна.


Колажи: Eugenia Loli

 

ОкоБоли главаВицФото