Со говор на омраза против пораката за заедништво на муралот на „Акто“ во Битола

03.07.2020 12:57
Со говор на омраза против пораката за заедништво на муралот на „Акто“ во Битола

Само 24 часа откако беше промовиран муралот на фасадата на киното „Партизан“ во Битола, вчера (2 јули) беше нагрден со говор на омраза испишан со црна боја. Муралот беше дел од отворањето на јубилејното 15-то издание на АКТО фестивалот за современа уметност и ја пренесува „Песна за солидарноста“ од Бертолт Брехт.

Муралот на поранешното кино „Партизан“ е направен од КУРС колективот од Белград, а неговата изработка е во продукција на Факултет за работи што не се учат (ФР~У), во партнерство со Народен Театар Битола, со него се праќа пораката „Црни, бели, калеши, жолти, заборавете на старите кавги. Штом муабет почнете со луѓето здружни, набрзо сите ќе бидеме сложни”.

На Фејсбук страница се огласија авторите на муралот од колективот КУРС, Милош Милетиќ и Мирјана Радовановиќ: „Вчера, цел ден го поминавме на пат кон Србија и уште не стигнавме да ја ја објавиме веста за новиот мурал, кога ја слушнавме информацијата дека муралот е „доработен“ со фашистичка порака „Смрт за Срби + Смрт за Шиптари!!!“. Ги чекаме реакциите од фестивалот АКТО.
Можеме да бидеме горди што нашето уметничко дело ги провоцира фашистите и десничарите. Колку и да се трудат, нашата порака е посилна, а и поубава.
Смрт на фашизмот, слобода за народот!“, напишаа авторите.

Од АКТО преку нивната Фејсбук страница посочија дека ќе продолжат да се борат за праведно општество за сите.

„За жал, сведоци сме дека општеството се уште е загадено с онационализам и нетрпеливост кон различностите. Ги повикуваме надлежните да ги пронајдат сторителите на овој вандалски чин“, порачаа од АКТО.

 

Слични содржини

Општество / Јавни Простори / Култура / Уметност
Општество / Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото