Почина композиторот Енио Мориконе

06.07.2020 10:10
Почина композиторот Енио Мориконе

Енио Мориконе, еден од најпознатите композитори на филмска музика, почина денеска на 91 година. Тој починал во клиника во Рим од последиците на пад минатата недела, кога скршил бутна коска.

Роден во Рим во 1928 година, Мориконе напишал музика за стотици филмови, но неговото име најтесно се поврзува со италијанскиот режисер Серџо Леоне, со кој соработуваше на некои од најпознатите шпагети вестерни, почнувајќи од „За грст долари“ од 1964 година, па сѐ до неговиот последен филм „Беше еднаш во Америка“.

Ја добива својата прва награда Сребрена лента (Nastro d’Argento) во 1965 год. (година во која започнал да работи како предавач по компонирање во престижниот Конзерваториум Личинио Рефиче во Фрозиноне, во чие основање самиот зел активно учество) благодарение на музиката за филмот „Metti, una sera a cena“, и втората награда веднаш следната година за филмот „Sacco e Vanzetti“.

Енио Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори на 20-от век, тој има напишано музика за повеќе од 500 филмови.

Во осумдесеттите, тој ги компонира партитурите за хорор филмот на Џон Карпентер „Суштество, беше еднаш во Америка“ од Серџо Леоне; „Мисија“ на Роланд Жофе, „Недопирливи“ на Брајан де Палма и „Кино Парадизо“ на Џузепе Торнаторе, а меѓу неодамнешните проекти беа и „Комплетен пресврт“ на Оливер Стоун, „Легендите за 1900 година“ и „Малена“ на Торнаторе и „The Hateful Eight“ на Квентин Тарантино.

Седум пати беше номиниран за Оскар и конечно го освои во 2016 за едно од своите последни дела, „Омразените осуммина“ од Квентин Тарантино, девет години откако му беше доделена почесна статуетка.

Во 2009 година, славниот Мориконе гостуваше на 49. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во Античкиот театар беше изведена музиката која Мориконе специјално ја компонираше за светските филмски хитови „За грст долари”, „Добриот, лошиот и грдиот”, „Беше еднаш на дивиот Запад” и други.

ОкоБоли главаВицФото