Мурал за солидарност на руинираниот Дом на култура во Ченто

06.07.2020 11:32
Мурал за солидарност на руинираниот Дом на култура во Ченто

„Солидарноста е темел на иднината“ е насловен новиот мурал кој во рамки на годинешната програма на АКТО-фестивал за современа уметност, беше изработен на Домот на културата во скопската населба Ченто.

Автор на муралот е Владимир Милиќ, а е изработен во партнерство со граѓанското здружение „Културно Ехо Скопје“ и Општината Гази Баба.

„Да не се заборави поплавата која ја зафати нашата Општина, елементарна непогода која не бираше нација, вера и политичка определба, а токму во тие моменти се покажа колку можеме да бидеме солидарни и да си помогнеме едни со други. Општина Гази Баба е мултиетничка средина, место каде што сите ние делуваме секојдневно и затоа мораме да ги почитуваме различностите и да си помагаме еден со друг“, напишаа активистите.

Домот на културата во Ченто, меѓу жителите попознат како „Домчето“, е оставен на забот на времето. Минатата година, граѓанското здружение „Културно ехо“ организираше еко-акција со која побара обнова на овој простор.

 

ОкоБоли главаВицФото