Наталија во земја Црешалија

07.07.2020 11:42
Наталија во земја Црешалија

Илустрација: Наташа Костовска

Наталија во земја Црешалија

Еднаш десно од лево,
блиску до бело,
едно градско село,
во земјата Црешалија,
нашата Наталија,
со обетки од
црешови ветки,
дојде во судир со
две сосетки.
Како првка,
беше резеда црвка,
по име Врвка.
А како вторка,
чафката Зорка.
- Доста китење,
пред огледала седење,
време е за цреши јадење.
- рече Врвка.
И Зорка се вмеша
оти и се јадеше цреша.
- И од мене критики,
за тие козметики.
Ама неочекувано
(каков срам
и за мене што
ова го пишувам,)
се вмеша и
џиновската цреша.
- Да се разбереме,
нема што да одбереме,
јас сум цреша за украс,
измислена, на сликава
вешто да ме додадат,
а не за црвчиња и
чафки да ме јадат.

Илустрација: Наташа Костовска

Јунаштините на Марко Крале


Марко Крале,
уште како мал,
беше голем јунак,
да му е - алал.

Првата од
јуначките згоди,
му беше што
сам се роди.

Без мајка, татко и
други роднини,
веднаш имаше
седум-осум години.

Непокорен, да не
биде прекорен,
дека е тиква без корен,
по постапка кратка,
ја посвои Евросима за мајка,
Волкашина за татка.

Почна јунаштини да реди,
во вторници, петоци, недели...
а особено во - среди.
Слаби од силеџии да брани,
жедни и гладни да пои, храни.

Вино рујно, небаре вода, да пие,
на Шарца јавнат, силеџии да бие.
Од една легенда во друга да јава,
оди после барај некој вистината
од измислици да ја препознава.

Кога Марко цеди дреновина,
сува и полна гранки болни,
девет пехари сок од калинки полни.

Кога Марко, боздоган во поле фрла,

дур тој малу се смири,
од земја летаат (а што да прават!?)

пругоре, девет ми товари компири.

Кога сретна Црна Арапина,
Марко прво глава ѝ скина
а дури потоа си најде причина -
да ослободи робје неброено,
што Црна Арапина го имаше
од блиските им, одвоено.

Неговите јуначки дела,
не ги збира, е-хе, интернет
мрежа, цела.
И с
ѐ така, од јунаштина
во јунаштина, Марко броди,
кутриот, што да прави, мора,
оти никако, ко него друг јунак да се роди.


Илустрација: Наташа Костовска

Крокодилот гурман

Каде, ако не кај реката Нил,
живее малку чуден крокодил.
Страв и трепет од
ништо не се плаши,
ама ете, ужива да
остава тигри без опаши.
А тигар без опаш, ви кажувам вам,
за сиот мачешки род е жив срам.
"Не ме мрзи цели да ги јадам,
сакам со опаши да се сладам."
Изјави овој крокодил,
ексклузивно за ТВ Нил.
"Знаете, тие опавчиња,
тие вкусни залчиња,
каков само деликатес..."
"Да..." коментира еден тигролог.
"Опашите му се д бест.
За да се најаде, без опаш
ќе останат тигри, најмалку печес.
Потоа, од срам ,во џунгла се кријат.
И редно е, да ви кажам право,
овој гурман малку да го бијат."

Илустрација: Алексеј Костовски

Откач идеја на рипките од Калитеа

Почна откачување,
на вода лудување...

жива е згода.

морското летување.
Три рипки од Калитеа,
просто не сфаќаат,
немаат ни идеја,
зошто на плажи,
некои деца, жени,
па и мажи,
на правила пркосат,
маски не носат.
„Чудно, тоа го знае
секоја рипка
од Халкидики.“
вели жолтата Еленики,
“... маска и - немаш
со корона неприлики.
Таа е поопасна
од јадици и мрежи,
а плус, маскава,
супер ми лежи.“
И трите рипки,
од Калитеа,
така се штитеа.
Лице красно,
украсено со маска,
на нив бар им е јасно,
вирусот не е - скаска.

ОкоБоли главаВицФото