Луди Свети Јовани

07.07.2020 12:54
Луди Свети Јовани

Денес е Иванден или за кумановци - Луд свети Јован. Мајка ми веруваше дека на денешен ден времето мора да побесни и не нѐ пушташе подалеку од дворот. Помнам луди свети јовани со алини, дождови, секавици, со откорнати дрвја, паѓање саксии од тераси. На Луд свети Јован дребно зрно град му го искрши рачниот часовник на татко ми; мајка ми за малку ќе ја однесеше ветар во болничкиот круг,.. на Луд свети Јован загина и дедо ми Јован. За моето семејство важи поговорката: Кај и да си, за Луд свети Јован - дома да си. Ги затворам прозорците уште од утрина, да не ми влезе невремето кое можеби нема ни да се случи.

Фотографија: Vikram Kushwah

Слични содржини

Книжевност
Книжевност / Настан
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото