Со стихови од Блаже Конески и Владимир Мартиновски, Ципрас му посака победа на Заев

07.07.2020 21:08
Со стихови од Блаже Конески и Владимир Мартиновски, Ципрас му посака победа на Заев

Во гест на поддршка за Зоран Заев и коалицијата на СДСМ и Беса пред изборите, поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас цитираше стихови на Блаже Конески и Владимир Мартиновски.

Во видео пораката Ципрас за да го потцрта мировното значење на Преспанскиот договор вели:

„Пред многу години, вашиот голем поет Блаже Конески напиша:

Уште рика истата мака во мене, дека сум роден во смачкано племе, сејач на глуво семе.

Но, во последните две години откако го потпишавме Преспанскиот договор, слушам различна песна на надеж, од новата генерација на Северна Македонија.

Владимир Мартиновски вели:

Купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време.

Па, и јас, заедно со оваа нова генерација, велам, на 15 јули, купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време“.

Во своето видео обраќање, лидерот на партијата Сириза нагласува дека Зоран Заев и СДСМ отвориле ново поглавје во историјата на Северна Македонија, но и на европскиот Балкан, и дека соработката, економскиот напредок и социјалната правда може да продолжат само со СДСМ и Заев.

„Пред две и пол години го запознав Зоран Заев. Го препознав во него истото она што го покажуваат многу други лидери. Дека тој не зборуваше за минатото, туку за иднината. Тој не зборуваше за проблеми, туку за решенија.

Тој не ги изразуваше балканските несигурности на мала европска земја која се плаши да ја изгуби својата историја, тој ја искажа европската визија за самоуверена балканска земја која се бори за создавање историја. Не историја со војни, нетолеранција и сиромаштија, туку ново прогресивно поглавје во историјата на Европски Балкан, базирано на заемна почит, соработка, толеранција, економски развој и социјална правда. Иднина во ЕУ и во НАТО, како што избра народот на Северна Македонија.

Три години не се доволни за да се исполнат очекувањата на една земја, но како што докажаа Зоран Заев, Никола Димитров и социјалдемократите, доволни се за да ја сменат судбината засекогаш. Има уште многу работа во ова ново поглавје од историјата и таа може да се направи само под водство на прогресивен и храбар лидер како Зоран Заев“, вели во пораката Алексис Ципрас.

Извор: nezavisen.mk

Слични содржини

Општество / Графички Дизајн / Книжевност / Култура
Општество / Книжевност / Култура
Општество / Книжевност / Култура
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Книжевност
Општество / Книжевност
Општество / Активизам / Gif / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото