(не ми требаат многу фустани...)

08.07.2020 09:00

не ми требаат многу фустани
ниту креми за слабеење
во огледалото брчките се претвораат во минути верност кон себе
на стомакот трагите од раѓање се претвориле во плетена кошница полна утрински кафиња и бледи разговори
стојам во внатрешниот остров
со дурбин ги барам бродовите што носат полжави и добра омега киселина
на една нога, како розово фламинго
нестабилно, но стројно
за мојата вратна структура и подочници од несоница
го газам моето тело како прабаба ми јамболиите на река
го цедам во јазол, со пена мека
ноктите ми се во боја на вар, од ѕидовите што се закачени на годините затвор во ова тело
ремек - дело
на смртта.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото