Нова верзија на „Шефе“ од „Ласт експедишн“

10.07.20 11:20

Бендот „Ласт експедишн“ заедно со пријатели музичари и фанови направија нова верзија и спот за култната песна „Шефе“.

Претходно тие ги повикаа и сите заинтересирани да се придружат онлајн во снимање на видеото.

Како што велат од групата, се потрудиле да биде градска, народска, светска, а притоа да не ја оштетат песната.

Клавијатури, микс, продукција се на Давор Јордановски, гитара – Кире Најдовски, бас – Бред Џонсон, тапани – Џо Лана Џуниор, видео монтажа – Благоја Неделковски.

„Песната е Македонско-американско-канадска соработка (копродукција) и сите ние што учествувавме во ова парче музика сме среќни и презадоволни“, соопштија од „Ласт експедишн“.

„Ласт експедишн“, еден од најголемите македонски алтернативни рок состави, е оформен во 1986 година во скопската населба Ѓорче Петров.
До сега имаат реализирано три студиски и еден албум снимен во живо: Intro (1993), Изгубени ликови (1994), Box (1997) и Live – A1TV Exic (2001).

Извор: Youtube

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото