Благородните луѓе не сакаат да прифатат власт ни за пари ни за почести!

10.07.2020 11:33
Благородните луѓе не сакаат да прифатат власт ни за пари ни за почести!

[Сократ:] Благородните луѓе не сакаат да прифатат власт ни за пари ни за почести! Овие луѓе не сакаат да бидат наречени наемници, не сакаат јавно да извршуваат власт за плата, ниту, пак, да грабаат скришум заштитени со власта, па да бидат наречени крадци; не сакаат дури ни почести, зашто не се честољубиви. [...]

Мене ми се чини дека овие луѓе ја преземаат власта, ако воопшто ја прифатат, зашто се исплашени токму од тоа – да не бидат под власт на полош; но не се насочуваат кон власта како кон некакво добро, ниту сакаат некаква полза да издејствуваат за себе, туку дејствуваат според нужност немајќи можност да им се доверат на некои подобри од нив, или барем слични.

Возможно е, кога би имало држава на добри и благородни, тие граѓани да се борат за да не ја преземат власта, токму како што се борат сега за власт; тогаш би станало јасно дека вистинскиот владетел не е создаден да работи во сопствена полза, туку во полза на оној над кого ја има власта.

Платон, Политеја, превод од старогрчки јазик Е. Колева, Три, 2002, стр. 105-6.

 Извор: ΑΡΓΩ

Слични содржини

Историја
Историја
Историја
Јавни простори / Теорија / Историја
Историја
Историја
Историја

ОкоБоли главаВицФото