Герила акција во Тетово: Младоженците корона и вирус канат гости на свадба

10.07.2020 11:47
Герила акција во Тетово:Младоженците корона и вирус канат гости на свадба

Активисти во Тетово, денеска, направија герила акција поврзана со неодговорното однесување на граѓаните во време на пандемијата. Тие обрнуваат внимание на тоа дека се прават свадби и се игнорираат мерките за заштита.

„Да се игра оро како човек, вирусот го снема – тој е прогласен за мртов“- пишува на големата покана за свадба која е поставена во центарот на градот, од страна на млади активисти од „Арт Тетово“.

„Владата забрани јавни масовни собири, а тука спаѓаат и приватните собири за одбележување на семејната радост или тага. Се затворија рeстораните кој функционираат само за свадбени прослави, а тие работат со доставување на храна по дома. Но оваa не е пречка за младоженците Вирус и Корона, на свадбата се поканети над 300 гости, кои мора да го почитуваат кодот на облекување – маските се држат на рака, а не на лице, а тие се комбинирани со облеката“. 

Целта на оваа акција е да се подигне јавната свест кај граѓаните за почитување на мерките, да бидат одговорни и солидарни за да се заштити колективното здравје во градот.

„Масовните веселби сепак да ги оставиме за некои подобри времиња!“, додаваат активистите.