„Лебедово езеро“ во бања

11.07.20 15:19

Во ова видео 27 елитни балетски уметници од реномирани балетски компании ширум светот изведуваат современа верзија на „Лебедово езеро“. За време на карантинот, тие го изведуваат балетот од сопствените домови, поточно од бањите, во кореографија на Кори Бејкер танц (Corey Baker Dance).

„Снимено во време на карантин“ е серија нови дела од книжевноста и музичките, визуелните и перформативните уметности. Серијата е изработена специјално за програмата „Култура во карантин“ на Уметнички совет Англија и „Би-Би-Си Артс“.

Извор: BBC Arts