Независниот културен сектор бара од партиите Закон за jавен интерес во културата

12.07.2020 20:23
Независниот културен сектор бара од партиите Закон за авен интерес и подбри услови за културата

Под мотото „ Слободна култура за слободно општество“, поширокиот граѓански сектор во културата, составен од асоцијации, иницијативи, платформи, организации и поединци, бара подршка од партиите, за, како што се вели во соопштението, да покажат дека оваа дејност треба да биде еден од клучните столбови во демократизацијата и европеизацијата на општеството.

„Со поддршката, тие ќе покажат дека културата треба да биде еден од клучните столбови во демократизацијата и европеизацијата на општеството. Бараме современа, жива и слободна култура, култура која нема да создава поделби, да поттикнува нетрпеливост или пак дискриминација по која било основа. Сакаме слободна култура за слободно општество“, се вели во соопштението од независната културна сцена.

Од независната културна сцена бараат од партиите создавање услови за современа, жива и слободна култура, која нема да создава поделби, да поттикнува нетрпеливост или пак дискриминација, по која било основа. До партиите упатија повеќе барања, кои очекуваат да се реализираат по парламентарните избори.

Гласање на Законот за Јавен интерес во културата во Собранието, спроведување на Националната стратегија за развој на културата, за периодот 2018-2022 година, со план за развој на драмската, музичката, танцовата, меѓународната и други дејности. Формирање фондација за подршка на вонинституционалната културна сцена по примерот таа во Хрватска, формирање нови институции според принципот на јавно – приватно партнерство во Скопје и други општини во земајава. Ревитализација на напуштени објекти во нови простори за работа, формирање Институт за култура и културни политики, кој ќе се бави со истражувања и подршка на уметничката сцена и трансформација на кадровските политики што ќе овозможи непартиски вработувања , туку првенствено професионални кадри во институциите од културата, како и децентрализација и департизација на Министерството за култура.

Зад овие барања до партиите во земајава, застанаа, иницијативата „Култура е насловна страна на секое општество“, Асоцијацијата на независната културна сцена Јадро, Културно - социјалниот простор „Центар- Јадро“, „Кино Култура“, „Локомотива“, Здружението за афирмација на театарот „ Пресврт“ и 3Г за промоција на женската активност „Тиииик!Инк“- Скопје 

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото