Спасе Перовски со перформансот „Зошто“ се претставува во Младинскиот парк во Велес

13.07.2020 11:47
Спасе Перовски со перформансот „Зошто“ се претставува во Младинскиот парк во Велес

Ликовниот уметник Перовски Спасе од Велес, на 13.07.2020 година, понеделник во Младински парк – Велес со почеток во 19 ч., го изложува уметничкиот проект ЗОШТО. Настанот ќе трае до 19:45 часот.

Иницијалната идеја за отпочнување на тримесечен партиципативен перфонманс со елементи на социјално-политичко структурирање ја започнува на 28 март 2016 година кога лидерите на политичките партии се договорија дека во тековната година ќе се одржат парламентарни избори.

Ова не е политички проект туку ликовно дело кое има директна врска со еден изборен циклус. Делото го реализира три месеци пред парламентарните избори во 2016 година, а завршува два дена пред тогашните избори.Секој ден во 18 ч., во Младински парк – Велес, отпечатено на А4 формат бела хартија поставува прашање кое во текот на реализацијата опфаќа две проблематики и тоа: култура и влијанието на општествено – политичката состојба врз неа низ погледот на уметникот и тогашната политичка сосотојба со целото влијание врз неговата уметност, егзистенција интегритет и семејство.

Во рамки на изложбата која ќе се одржи на 13 јули (понеделник) два дена пред парламентарните избори закажани на 15.07.2020 година, ќе бидат изложени дневни весници Слободен печат (септември – декември 2016 година), 91 прашање (септември – декември 2016 година) и 91 примерок од книга ЗОШТО (сублимат од перформансот, отпечатена 2020 година), како линија во отворен простор долга 27,3 метри.

Со оглед на светската здравствена криза предизвикана од Ковид 19, авторот инсистира учесниците да се придржуваат до мерките и препораките од СЗО и Влада на Република Северна Македонија.