Non-curfew song (1)

13.07.2020 17:41
Non-curfew song (1)

Настани на неделата: добив нова прахошмукаљка од Енглезот, деноиве треба да стигне и новиот шпорет, си го сјебав окото, малце, ал иритира упм.

Следи појашњење:

Прахосмукачкава ја добив ко надомест за то шо мајкица се испрси со пари за шпоретов кој као го веќавала одавна, ама разламагала, па така и Енглезов се испрси и он пошо демек он го умрел тоа гованцето шо се преправа дека е бела техника и купи веома врло солидна и смукава прахосмукачка која шо ми измами осмех на лицу ко на оној дибекон млад и брадаст од Паркс енд Рикриејшнс, дур исправена и без чучење ја мафтав со тоа смукалото по она рундовон од ќилим пред оѓине, а на муж ми му измами еден разочаран квалификатив дека сум „доместикејтед“ пошо на ниеден друг поклон од него наводно не сум се толку израдуела, а де факто не беше ни поклон за мене, ал‘ ја ко тетке си го присвоив за емотивно пражњење.

Значи, иако е криза и кршоина, моравме пред два дена да идеме у Струм(и)ца да купуеме шпорет кој треба да дојде еве секој ден сеа, пошо стариот од бабе од ‘72 коначно реши да дигне руки од нас, отко мајсторот дигна руки од него пред некоја година коа последен пут го оправљаше (мислам дека у меѓувреме и умре чоекот), со обајшњење дека делови за него више ни на старо не можат да се најдат, па така муабетов на Енглезов да им го даеме стариот шпорет на некои Роми, пошо рерната уше му работи иако кровот малце ѝ е паднат отпозади, е тотали аут оф плејс, мислам дека ние сме последни у Беровово шо користат такво музејско парче со поруцлански осигурачиња нанижани ко мониста на ѓердан.

Јбг, изглеа и он има очекивања ко енглески колонијалис‘, иако баш никако нема шанси да биде, коа стануе збор за така малце поднабоени. Инаку сеа зад нас под ќирија кај комшииве кои само ја шират тоа куќата низ двор (најново е дуќанот шо го изградија да изглеа ко лажна брвнара и го издадоа за месара) у доградбата зад куќа шо е ко врло модерен стан, после Манкиз, локалац повратник од Швицарска, кој живееше тука сосе џипоите и моторите, дур му се градеше новото куќе, сеа им се досели младиот ромски оџа за да биде близу џамивчето шо више беше оговарано претходно, „спаднал е од Циганские Рид“ кој шо е културна институција на Берово, одма до Ратески Рид кој шо е у моја непосредна позадина, (баш сеа се расвируат блеханиве, изглеа ќе падна журка вечерва) заедно со три-четвртата жена (важно при крај е со жениве, мислам, според Куранов, а и сите му се по башка домови, плаќаат Пакистанци, така викаат), иначе типов изглеа ко енглески мод, а и жена му, ако призабулена, изглеа едно шесто пути покул од веќината од каурскиве женски по Беровово, а е од некој си пичковац од по источнава Македонија.


Одувек сум се сумњала дека дел од расистичкиве пориви кај нас „шункaстиве“ по боја, ко шо вика Енглезон, се дужи на завидл‘к шо потемнуљавиве у први комшилук се увек некако побољи и покул даси и дасици, а па за мјузак и танцујуќи ритам и остале жизнерадосне ствари и да не зборам, па затоа за компензација мора да им се мафта у фаца, било со пари, било со стап. Зато уше у врло млади дани коа бев турист, пардон, студент, на драмски, коа на една факултетска забава Руиш од Штип ми кажа дека сум танцуела ко да иам чувство за ритам, толку се стопив од мерак шо до ден денес памтам.

Да се вратам на шпоретов. Нагли технологически скок не ми беше дозволен, пошо, ко ќе ги прашав продавач(к)ите струмички дали тие помодерните шпорети со стаклена ли, керамичка ли, вотевер, плотна, ќе издржат да не се скршат ил‘ пукнат ако им фукнам шерпа со триес‘ кила сок од патлиџани, сите само скиснуто њишуцкаа одречно со то глаите. То зашо, ко прав испрдок на мезалијансата , кхм-кхм, на урбани и рурални навики, сум прав педер у душа, и за да си удоволам на потребата да праам, а не купуам све она шо ми се јаде, а може да се накрца по флаши или тегли, не праам тоа сокоитеџемоизимници на пампур, шо овде у Берово се вика „кофтор“, кои сите нормални по маливе места и местенца по земљава, него ги праам на шпорет дома и често у десет саат ноќе, отко ќе завршам со кмишење на компјутер, а посебно желето од малини.

Тоа малините ги набављам од Спасе од Дворишче, и то место више сум го оговарала, преку сестра му Мара учителката, моја комшика, а и не сум локал-патриота, побољи се од све шо сум купила у Скопје у канчиња. Важно ги замрзнуам у кеси од по две кила за да праам желе у касни саати, а некад знае и да неам шеќер, па идам у дуќанчето до мостот, шо се препраа у нешо најприближно до драгстор у Бероово, и луѓе углавном купуат алкохол и цигари у темница, и кафе у сабајлешна темница пред да путуат надвор од Берово пошо и аутобуската е до мостот, а само ја купуем шеќер по дупла цена, пошо у јајчарата „Пика Русиново“ пеесе метра понатаму е упола цена ако го купиш преку ден, ама за тие шо планираат зимничарски активности ко шо треба, ал испред мене плавокоса тетке „од дуќане до мосто“ поново само цимуцка со глаа неодобрувачки ко ќе ѝ кажам зашо ми треба шеќер у десет саат вечер.


Добро де, испаѓа за мене џемуење е исто онакво дисплејсмент активити, ко за колојанистички изазваните ментални пациентови на Фанон (не лупета чоекот, и покасно од него, татко му на другар ни Ацо од Лондон, кој беше фејмоус жидовски психијатар пред да умре, со децении се занимаше со питањето зашо карипски мигранти у Енглеска почесто заболуат од шизофренија од сите други) ко у чланакон шо го шераше Ацо од Битола, иако таму не се распраа толку за карипските, него северноафричките, кај шо Фанон исто упражњавал струка и кај шо закључил дека праењето традиционалистички ритуалистички нешопраачки зајебанции поише придонесуело до ментални опоравак од хемија и апои.

Значи за мене „жизн малина“, ко шо го вика свитлајф Светле, има поише призвук на гмечење на животов малинав у твоја тегла, нешо демек шо и пишанициве треба некако да го доловат. А то изглеа некако вака, ги провривуам малиниве со многу малку шеќер да пуштат сок и после ги цедам низ најстаромодната могуќа преса со онаков дрвен нарецкан ваљак со ручка купена од плавоокиот Ром „на пазаре“ кого уше нема да се врати за мене да ми се долови ретурн оф нормалси. И после од сокот у саоднос два према еден „сос шиќере“ за прилично кусо време, по осет, укувуеш савршено желе-џем шо не е удавено у шеќер и е прекрасно црвено и не се муфљосуе.

Е, уше да можев да бидам таква вештица ко стариот, за да го напраам истото савршено и „по осет“, иако он тоа го викаше инженерство, и знаеше да напраи пуно ствари, од антифриз до бомби (ТНТ) и опиум у, така, по неколку тони, можда и пари ќе напраев, ама овде кај нас дома сме све сме некакви си комуњарски корисни идиоти, не за друго, можда знаеме и да напраиме, ама не знаеме да (се) шиткаме. И да, после од фирата малинава праам малинов овошен оцет, нишо да не иде џабе.

И значи, новото „шпоре“ ќе биде фифти рингли фифти плин, на кои мојто желенце и остале животомасирачки и преобликуечки активности ќе мора да се прилагодат. Ова ќе има наставак утре...


P.S. Окото го сјебав вчера сабајле коа со Дејан им го одредуевме полот на мачињата на Бари и Гордана, едно пет, ја ко стручно лице шо не се гади да ги стиска у срамните предели за да се покажат јајценцињата или lack thereof, важно ми улетуе влакно у око, кое, као дел од телово што треба да е влажен, у перименопаузата у која шо сум ја сеа, не ми е довољно „влажно“, па ко ќе го испотриеш со прсти со страно тело унутра, ти се успалуе и узнемируе да мораш да идеш „при Гуне, очние доктур“ да те подопраи, сеа сум у тек на опраање.

Allah Las - "Raspberry Jam" from the 'Self Discovery For Social Survival' film soundtrack

Слики: HELENA PEREZ GARCIA

 

Слични содржини

Книжевност
Книжевност / Живот
Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото