Роботи за борба против коронавирусот

14.07.2020 12:15
Роботи за борба против коронавирусот

Јужнокорејски научници развиле робот кој во голема мера би требало да го намали ризикот од зараза со Ковид-19 помеѓу медицинските работници и да овозможи пациентите побезбедно да се тестираат.

Раката на робот го врши тестирањето со стапче за земање брис од носот, а целиот процес го контролира медицински персонал кој управува со роботот.  Така прегледот може да се врши на далечина, односно од друга просторија, додека лекарите целиот процес можат да го гледаат на екран.

 За да не дојде до повреди, бидејќи е неопходно стапчето за земање брис да се стави длабоко во носот, научниците конструирале стабилизатор за глава на кој се потпираат пациентите во тек на извршување на тестирањето.

„Ваков робот наскоро ќе стане редовен дел на секоја болничка ковид амбуланта, за да се заштитат лекарите и медицинскиот персонал, а да се добијат вистински и брзи резултати“, нагласува Сен Јо Хо, од корејската здравствена служба.

Во сите поголеми продавници и трговски центри во Јужна Кореја веќе постојат роботи кои ја следат промената на температурата на оние кои влегуваат или излегуваат. Тие се во состојба веднаш да откријат кој е сомнителен и потенцијално заразен, а потоа настапува аларм и итно тестирање.

„На овој начин откривме околу пет илјади заразени со вирусот. Роботите стануваат сè посовршени, така што во иднина ќе можат да ги откријат и честиците на коронавирусот во воздухот“, вели Ли Мин Чан, менаџер на трговски центар.

Извор: Ројтерс

ОкоБоли главаВицФото