Убиството на пајакот

14.07.2020 11:27

Ме моли таа да го убијам пајакот.
Наместо тоа, ги наоѓам најмирољубивите
оружја на дофат.

Земам чаша и салфета.
Го фаќам пајакот, го носам надвор
и го пуштам да си оди.

Ако некогаш сум затечен на погрешно место
во погрешно време, само да постојам
и никому да не пречам,

се надевам дека ќе сум пречекан
со истиот вид
на милост.

Превод: Јана Јакимовска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото