ЕУ река (78): На таа журка не треба(ше) да се оди

14.07.2020 14:17
ЕУ река (78): На таа журка не треба(ше) да се оди

 Кога веќе зборуваме за балканизмот и ориентализмот, за фашистичките повици и културата на сеќавање, за складно вкрстените вектори на глобалниот неоколонијализам и локалното националистичко самоколонизирање, повелете малку Марија Тодорова:

„Време е трезвено да се преиспитаат последиците од извозот на моделот на национални држави во општества кои претставуваат етнички и верски мозаик, односно создавањето мозаик од национални држави наместо мозаик од нации. Таа трезвеност е уште подискутабилна ако го имаме предвид таканаречениот ’органски’ развој на западноевропските општества во национални држави. Тој е последица на неколку векови општествен инженеринг - етнички и верски војни и протерувања (односно етнички чистења), кои го следеле процесот на централизација - потикнат од темелната нетрпеливост спрема хетерогеноста; таа нетрпеливост на крајот довела до создавање релативно хомогени заедници кои потоа ’органски’ прераснале во модерни национални држави.“

Ајде да се осмелам и тоа да го кажам:

Историјата на Европа е историја на умножени Сребреници. Таму каде што успееле, денес имаме хомогени нации. Каде што не успеале, имаме комплицирани „вештачки творби“. (Дали воопшто некогаш сум сакал нешто што не е комплицирано, нешто хомогено и еднообразно?) Националните курикулуми и лектири се погрижиле етничките чистења и геноцидите да се заборават, превреднуваат или некако веќе да се легитимираат. Тоа не е работа на „омраза“, „толеранција“ или „недостиг на граѓанска култура“, тоа е структурен дел на самиот модел.

Балканот предоцна стигнал на журката. Србија особено. Очите се црвени, натечени. Нема сон: минутите се вртат во мртов јазол. Којзнае кога ќе изгрее.

Ако има поука, таа гласи дека на таква журка никогаш не требало ни да се доаѓа.

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: SCORPION DAGGER

ЕУ река (77): Цртежи за Европа

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

ОкоБоли главаВицФото