Мобилна библиотека што личи на бубачка

15.07.20 12:35

Барајќи начин како да се употреби огромниот вишок на стари велосипеди во Кина, „LUO Studio“ неодамна дизајнираше мобилна библиотека во форма на крилеста бубачка, односно „Буба Мара“. Основачот на студиото Луо Јуџи се инспирирал од својот пријател кој работи како учител на деца од предучилишна возраст и честопати има потреба од едукативни материјали.

За создавање на оваа мобилна библиотека, стандарден велосипед со две задни тркала е дополнет со тркало кое ја носи тежината на предниот дел. Надворешноста на библиотеката е направена од стари делови од автомобили, а „крилјата“ се отвораат кон внатрешностакаде има три посебни полици што можат да соберат книги или други креативни материјали за деца.

Студиото ја опишува нивната мисија како „посветеност на создавање потраен, пријателски и квалитетен простор преку креативно размислување, занаетчиски дух на посветеност и грижа за природата“.

Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото