Дојдоа петте минути за специјалистите за аеросоли

15.07.2020 14:15
Дојдоа петте минути за специјалистите за аеросоли

Кога пред 12 години, синот на Линси Мар тргнал во градинка таа забележала дека постојано шмрка и честопати настинува. Мар, кој е експертка за аеросоли и работи во Политехничкиот институт и Универзитет во Вирџинија, САД, се обидувала да сфати што сеслучува со нејзиниот син.

„Кога ќе дојдев да го земам од градинката, гледав дека половината деца во просторијата, исто така, се настинати. Бев љубопитна и се прашував: ако толку брзо се шири, можеби патува низ воздухот?“

Мар дипломирала инжинерски науки на Харвард, каде почнала да се интересира за загадувањето на воздухот. На Универзитетот Беркли во Калифорнија докторирала градежништво и заштита на животната средина, а постдокторските студии ги завршила на Институтот за технологија во Масечусетс заедно со Марио Молина, добитникот на Нобелова награда за истражувањата на штетите што ги предизвикуваат хлорофлуоројаглеродните гасови врз озонската обвивка.

Но требало да се случат бактериите во градинката за да открие колку малку се знае за пренесувањето на вирусите низ воздухот.

„Се изненадив кога сфатив дека немаме поим ни колку се шири низ воздухот или преку допир вирусот на грипот. Толку малку се знаеше за ова што оваа лична фасцинација полека се претвори во вистинска опсесија“, вели докторката Мар.

Нејзиното истражување довело до многу важни сознанија. Таа пронашла го пронашла вирусот на грипот во капките кои се доволно лесно за да останат да лебдат во воздухот и подолго од еден час. Нејзината студија ѝ ја донесе наградата на Националниот институт за здравство за најдобар нов иноватор во 2013 година. Во јануари годинава, таа стана член на одборот на Националната академија за наука, инжинерство и медицина.

Сепак, дури пандемијата на коронавирусот ја стави во прв план. Здравствените државни претставници во САД и во Светската здравствена организација ја повикаа на консултации, а научници од целиот свет ја молат да ги погледне нивните истражувања. Нејзината лабораторија се сосредоточила на тестирање на новите материјали за да се реѓи недостигот од заштитна опрема.

„Линси е единствената од ретките научници кои навистина знаат да ја проучат трансмисијата по пат на аеросолите. Тоа е резултат на нејзиното образование: таа може да ги користи своите знаења од инжинерството за да ја објасни динамиката на бактериите и вирусите во воздухот“, вели др. С.Ј. Менг, професор од Универзитетот во Вирџинија, чие поле на истражување се вирусите кои потекнуваат од животни. „Ако погледнете со што се занимава таа, ќе видите дека има блиска соработка со виролозите, епидемиолозите, лекарите и експертите за јавно здравје. Нејзината работа е интердисциплинарна, а само тоа може да ги реши актуелните здравствени проблеми.

Бројните следбеници на Твитер ѝ поставуваат многу прашања. Докторката Мар дава сè од себе да ги објасни комплицираните концепти со термини што лесно се разбираат. Кога ја прашаа дали облеката може да биде прекриена со вирусот откако ќе излезете на прошетка или во продавница, таа одржа лекција по аеродинамика: Токму како што бубачките нема да се залепат за стаклото на шофершајбната на автомобилот кој се движи бавно затоа што ги движат воздушните струи, така и вирусните честички поминуваат покрај нас додека одиме.

Во светот нема повеќе од десетина научници кои толку добро ја познаваат аеросолната трансмисија на вирусите. Доктор Линси Мар припаѓа на малата група која бара да се обрне повеќе внимание на воздушните патишта на пренос на коронавирусот.

Иако е свесна за ризикот што го носи коронавирусот, Мар делува смирено. „Би можеле да полудиме доколку постојано се прашуваме што може да се случи. Се обидувам да објаснам што знаеме а што не. Што се однесува до работите што не ги знаеме, не е лошо да се греши, безбедно, но не треба да се биде параноичен“.

Извор: The New York Times