СДСМ освои два пратеника повеќе од ВМРО – ДПМНЕ

16.07.2020 10:52
СДСМ со два пратеника пред ВМРО – ДПМНЕ

Во Државната изборна комисија сè уште трае пребројувањето на гласовите од вчерашните десетти парламентарни избори во државата. Јавноста останува во неизвесност за точниот број на освоени гласови на политичките партии, бидејќи официјалната интернет страница на ДИК беше хакирана.

Според првичните податоци на вонредните парламентарни избори, минимална предност има коалицијата „Можеме” на СДСМ, пред ВМРО-ДПМНЕ од два пратеници повеќе, односно 46 наспроти 44, од преброени 96 отсто од гласачките ливичиња или 3459 од вкупно 3480 избирачки места.

15 пратеници во новиот состав на Собранието ќе има Демократската Унија за интеграција, Алијансата на албанците 12, Левица - два, пратеници стануваат Димитар Апасиев во првата, а Борислав Крмов во третата изборна единица. Демократската партија на Албанците освои 1 пратеник.

Во првата изборна единица, СДСМ со последните пребројувања рано изутрнива и направената промена во официјалниот софтвер кој беше хакиран сега наместо седум има осум, со што ја зголеми разликата кон ривалот ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 7 пратеници, ДУИ наместо 3, со последното пребројување загуби и сега е со 2, додека Алијансата на Албанците останува на двајца и Левица со еден пратеник.

Во втората изборна единица, СДСМ и , ВМРО-ДПМНЕ освоија по 7, додека ДУИ и Алијансата за албанците се изедначени со по 3 пратеници.

Во третата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ има 10 пратеници, а исто така засега до самиот крај на пребројување 9 има колацијата Можеме на СДСМ, а еден Левица.

Во четвртата изборна единица , ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 10 пратеници, во петтата изборна единица по 8 пратеници имаат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, 3-ца пратеници има ДУИ а Алијансата за албанците еден пратеник.

Во 6-тата изборна единица, ДУИ освои 7 пратеници, Алијансата за албанците 6, СДСМ освои 4 пратеници а ВМРО-ДПМНЕ двајца. Еден пратеник освои Демократската партија на Албанците.

 Фотографија: Мета.мк