77 мажи и 43 жени во новото Собрание

18.07.2020 13:09
 77 мажи и 43 жени во новото Собрание

Во 120-те столчиња од новиот состав на Собранието на Република Северна Македонија ќе седат 77 пратеници и 43 пратенички, покажува распределбата на мандати откако беа соопштени првичните резултати од предвремените парламентарни избори.

Овој податок значи дека не само што нема намалување на родовиот јаз, туку во новиот парламент ќе има дури и помалку жени од минатиот собраниски состав, кога имаше 45 пратенички.

Секако, ова нема да биде и конечен изглед на новото македонско Собрание, затоа што, традиционално, дел од пратениците по составувањето на новата Влада преоѓаат на функции во извршната власт. Но, оваа бројка од 36% женски пратеници, најверојатно нема да претпри некоја голема промена. И покрај бројните најави за родово порамноправен законодавен дом, овој процент е на самата граница со законското ограничување дека на кандидатските листи мора да има една третина жени.

Покрај ова интересна е и возраста на новите пратеници. Дури 16 од новите претставници на граѓаните имаат помеѓу 23 и 35 години.

Во продолжение погледнете го нашиот инфографик во кој ја анализиравме распределбата на пратенички мандати според пол и возраст за секоја од партиите.

 

 

 

Извор: Радио МОФ