Уметност во затвор

20.07.20 14:51

Минатата година во мај, шпанскиот уметник Пејак (Pejac) со помош на затворениците создаде серија инсталации во најстариот затвор во Шпанија, „Penal de el dueso“, наречен уште и „Рудник за злато“. Муралите специфични за локацијата се однесуваат на човечките вредности и потребата да се остави белег.

Овој уметник е познат по неговите суптилни интеракции со урбаното опкружување, делата на Пејак се обидуваат да го преиспитаат и повторно да го откријат значењето на приватниот и јавниот простор. Тој живее и работи во Барселона, неговото вистинско име е Силвестре Сантијаго (Silvestre Santiago), преку своите дела се обидува да го охрабри гледачот да ги согледа чувствителните социјални и еколошки проблеми на паметен и поетски начин.

„Затворот, сам по себе е место завиткано во суровата реалност и во исто време, чувствувам дека има потенцијал на надреалистичко опкружување, како да треба само да гребенете по неговите sидови и таму внатре да ја откриете скриената поезија“, вели уметникот.

 Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото