Асоцијацијата на архитекти бара да се повлече урбанистичкиот план за Мал ринг

21.07.2020 13:25
Асоцијацијата на архитекти бара да се повлече урбанистичкиот план за Мал ринг

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) денеска остро реагираше и побара да се повлече и преработи Предлог – Деталниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1, за кој е закажана јавна презентација и анкета на 22 јули.

Ова е нивната реакција упатена до градоначалникот и претседателката на Советот на Општина Центар:

„Причината заради која бараме да го повлечете предлог-планот е едноставнa. Во планот се планирани истите објекти кои беа спорни и во претходниот криминален план со кој беше овозможена изградба на објектите од таканаречениот проект „Скопје 2014“.

Како најголемо здружение на архитектите во Република Северна Македонија, ААМ се залагаше за институционална ревизија на проектот „Скопје 2014“ и институционално справување со насилниот чин на промена на централното градско подрачје. Но, тоа не го дочекавме. Напротив, со овој предлог план вие давате институционална потврда и реафирмација на изградениот, но што е уште пострашно и на неизградениот дел од проектот „Скопје 2014“. Нашата зачуденост е уште поголема бидејќи на 17 декември 2017 година донесовте одлука, која сѐ уште важи, за мораториум на градба во општината додека сите планови кои сметате дека се лоши не се ревидираат. Новите ревидирани планови ги носите по приоритет, притоа условите за приоритетот по кој се носат плановите никогаш не ѝ беше соопштен на јавноста. Бидејќи овој план е повеќе од 90% реализиран, ААМ подразбира дека приоритет ви е изградба на Споменикот Мајка Тереза (поставен врз ул.Орце Николов), т.н Шпански скали, потврда на додадениот трем на Стоковната куќа НАМА од арх. Славко Брезовски и потврда на статусот на заштита на Спомен куќата на Мајка Тереза и Триумфалната порта, и со тоа конечно завршување на проектот

ААМ секогаш имала разбирање за деталните планови каде има комплицирани имотно-правни односи и секогаш се залагала за оптимално решение. Но, овде станува збор за објекти и земјиште во државна сопственост и објекти кои во својата срж, во најмала рака се спорни, поради што сметаме дека за ваков предлог-план нема потреба од јавна презентација и јавна анкета пред спорните објекти да бидат исфрлени од планот. Јавна презентација на ваквиот планот беше веќе еднш направена кога се презентираше проектот „Скопје 2014“ во 2010 година“, се вели во реакцијата на ААМ


 

ОкоБоли главаВицФото