„Сеќавања“ - две премиерни проекции во Кинотека

22.07.2020 09:21
„Сеќавања“ - две премиерни проекции во Кинотека

По повод 57 годишнината од скопскиот земјотрес, Кинотеката на Македонија и Македонскиот центар за фотографија на 26 јули (недела), во 21 часот, организираат премиерно прикажување на два документарни филмови.

Се работи за „Првата светска војна, сеќавања" (WW1 REMEMBERING) 30 мин. на авторот Роберт Јанкулоски и „Преживеани спомени" (Surviving Memories) 36 мин. на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.

На проекцијата ќе се обрати амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада.

„Првата светска војна, сеќавања" е посветен на македонскиот фронт и на жртвите од Првата светска војна. Филмот е сниман во Македонија, Србија и Швајцарија а финансиски е поддржан од амбасадатана Швајцарија во Република Северна Македонија.

Филмот „Преживеани спомени" е дел од проектот „Фотографијата сведок или жртва" реализиран од страна на МЦФ во 2014 година во кој осум наши сограѓани, евоцираат спомени како го преживеале земјотресот од 1963 година и што е она што засекогаш ќе го паметат од тоа летно утро. Филмот е направен како дел од покомплексна уметничка инсталација и за прв пат се проектира надвор од поставката.

Овој проект беше финансиран од Амбасадата на Холандија во Северна Македонија.