Вивиен Вествуд влезе во кафез на протестот за ослободување на Асанж

22.07.2020 10:48
Вивиен Вествуд влезе во кафез на протестот за ослободување на Асанж

Облечена во жолта канаринска облека, 79-годишната активистка и дизајнерка Вивиен Вествуд вчера влезе во еден огромен кафез за птици поставен пред судот во Лондон, со што симболички и метафорично ја пренесе пораката „Ослободете го Џулијан Асанж“. Жената која визуелно и дизајнерски го обликуваше панк движењето во 70-те години на минатиот век, во последниве месеци ја води кампањата за поддршка на Асанж, а пред тоа беше активна и на полето на климатските промени, тема која суптилно ја провлекува во своите модни шоуа, кревајќи ја свеста за проблемот на повисоко ниво.

Вествуд вчера се појави во улога на предводник на протестот на кој присутните повторно го реактуелизираа проблемот поврзан со главниот човек на „Викиликс“, кој неколку години мораше да остане затворен во еквадорската амбасада во главниот град на Британија, по што заврши зад решетки, очекувајќи екстрадиција во Америка. Истата, поради Корона вирусот, од мај е одложена за 7 септември, по што ќе се знае судбината на 49-годишниот Асанж, кој преку својата мрежа објави стотици илјади доверливи документи, повикувајќи се на заштитата на Првиот амандман за слобода на говорот.

„Новинарите мора да продолжат да ја зборуваат вистината, и покрај притисокот врз нив од страна на високите државни инстанци“, поентираше активистката на вчерашниот собир.

Светот одамна функционира како една голема театарска сцена!

Фотографија: AP

 

Слични содржини

Активизам / Јавни простори / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Свет
Општество / Активизам / Квир / Живот

ОкоБоли главаВицФото