Се сеќавате на Паркобраните?

22.07.2020 12:47

Беа поразени во Аеродром со “заслугите” на нивниот Марин. Ќе бидат поразени и во Центар со “заслугите” на нивниот Богдановиќ. Обајцата го продолжуваат неделото на вмровските претходници: Уништување на зеленилото во Скопје во корист на новопечените богаташи кои се спремни и да подмачкаат.

Ќе го снема паркчето зад Арапска куќа (пропаѓа), паркчето кај Жабарот со бистата на народниот херој Вера Јоциќ, од паркчето на Франкофонија не се гледа Водно поради незавршена зграда, новата зграда повисока од владината го затскрива Љуботен...

Бетон, стиропор и железо насекаде!

Владимир Милчин, Фејсбук, 22.07.20.