Говор против сексизмот на конгресменката Окасио Кортез

24.07.2020 12:05
Говор против сексизмот на конгресменката Окасио Кортез

Гневот на конгресменката Александрија Окасио Кортез поради вербалниот напад од страна на републиканскиот пратеник се претвори во вонредна ситуација кога синоќа, таа одржа свој говор со кој таа и останатите демократи ја адресираа сексистичката култура на „прифаќањето на насилство и насилен говор врз жените“, појава чиј приврзаник е и Доналд Трамп.

Еден ден откако таа ја отфрли понудата за помирување од републиканскиот конгресмен Тед Јохо поради неговиот вербален напад на скалите пред Конгресот, Окасио- Кортез заедно со колегите го претстави инцидентот како неретко машко однесување, нешто по кое познат е претседателот и преостанатите републиканци.

„Не станува збор за само еден изолиран инцидент. Ова е културолошки проблем. Ова е култура на прифаќање на насилство и насилен говор кон жените, и зад ова стои цела една структура на моќ која го поддржува ова“, истакна Кортез.

На ваквото обраќање учество земаа и неколку други пратенички кои истакнаа дека ваквото однесување за нив е веќе рутинско, а оваа изборна година, анкетите покажуваат дека жените му се спротивставуваат на Трамп, кој зад себе има богата сексистичка историја.

Пратеничките кои и се придружија на Кортез претставуваа широк спектар од демократите во Конгресот и го истакнаа единството на партијата кон тема која може да ги поттикне гласачите за нивната партија.

„Кога некој ќе се извини, на тој човек треба да му се прости. Но сметам дека во новиот свет, во новата ера, ние почнуваме да размислуваме дали да го прифатиме извинувањето кога „извини“ не е доволно за прошка“, истакна Мекарти.

Пелоси пак, одржала одделна прес конференција.

„Ваквото однесување се манифестира во општеството веќе долго време. Можам да ви кажам од прва рака, ме нарекуваат со секакви имиња веќе 20 години“, Пелоси истакна пред републиканците.

При случајна средба која ја засведочил новинар од „Хил“, републиканецот Јохо ја навредил Окасио Кортез поради нејзината изјава дека зголемениот криминал за време на пандемијата од коронавирусот може да е резултат на зголемената невработеност и сиромаштија.

Окасио-Кортез, која се смета за најгласните прогресивци помеѓу демократите, ја опиша средбата на скалите пред Конгресот. Таа кажа дека Јохо го вперил прстот во нејзиното лице и ја нарекол одвратна, луда и опасна.

Таа додаде дека пред репортерите и останатите присутни Јохо ја нарекол „е**на кучка“, изјава која била потврдена од новинар.

„Имањето ќерка не го прави човекот совесен. Имањето жена не го прави човекот совесен. Однесувањето кон другите луѓе со почит го прави човекот совесен“, рече Кортез.

Извор на текстот: Guardian