Хороскоп пред Ковид центар

25.07.2020 15:36
!Виц икона

Лавот влегува преку ред и оди право кај началникот, не му доликува да чека.
Минува крај Ракот кој на сите им ги дели своите витамини.
Девицата се прска со алкохол и го прашува Стрелецот дали респираторите се дезинфицирани.
Стрелецот и понатаму тврди дека има само алергија.
Близнакот прави селфи и го става на социјалните мрежи.
Јарецот презриво го гледа Бикот кој јаде бурек.
Рибата размислува како не доручкувала.
Додека Водолијата дрдори без престан, Вагата се прашува дали сепак требало да си остане дома.
Стига и Шкорпијата и гласно кашла, нека се заразат и другите.
Овенот одамна си заминал.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото