„Да се умре од работа“ - краток филм

27.07.20 09:23

Зборот „Karōshi“ на јапонски буквално значи „да се умре од работа“ и е наслов на краткиот документарен филм на режисерите Хуан и Артуро Хереро (Juan и Arturo Herrero), кој зборува за јапонската токсична култура на долгите работни часови. Службениците во разните компании и банки во Јапонија работат многу повеќе од 80 часа во неделата.

На улиците на Токио или Осака не е невообичаено да се видат луѓе во костуми како спијат на улица или клупа. А самоубиствата, инфарктите или предозирањето станаа секојднвие, особено за младите амбициозни луѓе кои сакаат да се докажат на работното место или само да си ја задржат работата.

Извор: Nowness

 

ОкоБоли главаВицФото