Фотографии од времето на шпанскиот грип, актуелни и денес

28.07.20 15:29

Крајот на Првата светска војна, освен големите воени разорувања и жртви од воените дејствија, бил одбележан и со појавата на епидемијата на шпанскиот грип. Болеста, предизвикана од Х1Н1 вирус на грип со необична јачина, бргу се раширила не само помеѓу војниците и завојуваните страни, кои ги воделе завршните битки на Првата светска војна, туку и помеѓу жителите на просторите каде што се одвивале воените дејствија, а вирусот забрзано го пренесувале и војниците кои се враќале од фронтовите кон своите домови.

Епидемијата, која се појавила во пролетните месеци (1918), до појавата на актуелната пандемија на Ковид-19, беше сметана за најстрашната епизода на болест во современата историја, бидејќи успеала за само 18 месеци, во временски период од 1918 – 1920 година, да зарази околу 500 милиони луѓе и да убие околу 50 милиони низ целиот свет, или околу 3 до 4 проценти од тогашната светска популација.

Фотографиите од пред стотина години се актуелни и денес во време на пандемијата со Ковид-19. 

Извор

Слични содржини

Фотографија / Квир / Око
Фотографија / Око
Активизам / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Око

ОкоБоли главаВицФото