Грозје

29.07.2020 13:07

Ние сме грозје
Нè берат нивните дебели прсти
Нè газат нивните валкани нозе
Нè пијат нивните алчни усни
Ние сме грозје
Нè оставаат да ферментираме
Потоа нè складираат во мрачни подруми
Некои во бочви, некои во шишиња
Зависно од бербата
Ни ја мерат температурата
Нè точат со умисла и по желба
А ние, обраното грозје
Умираме од среќа кога ќе се најдеме на нивните трпези
И ќе ја чуеме нивната смеа
Ние сме придружба на нивната гозба
И земјата што нè раѓа е нивна
Наши се само:
Мушичките околу нас
И вистината во нас

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото