Урбаните пејсажи на Џејсон Андерсон

30.07.20 12:30

Британскиот уметник, Џејсон Андерсон (Jason Anderson) создава апстрактни урбани пејзажи со помош на пикселизирани парчиња во пастелни тонови. Сликите ги изработува со маслени бои на платно. Секое дело во основата има светло-жолта боја, која обично претставува изгрејсонце или зајдисонце. Андерсон ги балансира природата со бродовите, пристаништата, возовите, зградите, кои се мали и оддалечени, обвиткани со магла.

Андерсон ја започнал кариерата како реставратор на витражи во катедрали и вели дека неговата пракса во реставрацијата, во некои аспекти слична на сложувалка за дизајн и поправка на витражи го формирала и неговиот сликарски стил.

Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото