Корнфлекс

30.07.2020 17:17

Се сеќавам дека еднаш нас двете нè викнаа [кај еден] ТВ-продуцент облечен во пругаст костум за да види дали имаме нешто интересно што би можел да го искористи за во емисија, а Бетси почна да раскажува за машката и женската пченка во Канзас. Толку многу се возбуди зборувајќи за таа пуста пченка што дури и на продуцентот му навреа солзи на очи, само што не можеше да употреби ништо од тоа, рече, за жал.
– Силвија Плат, „Стакленото ѕвоно“


Машката и женската пченка во Канзас

не се како машкиот и женскиот ориз од Кочани

машките и женските беровски компири

машките и женските ајвари, пинџури, лутеници

 

Mашките и женските 13-ноемвриски награди

машките и женските Браќа Миладиновци

машките и женските осмомартовски честитки

машките и женските земјотреси, поплави, бегалци

 

„Што сакаш за доручек?“, ме прашува мајка ми

(иако одамна не ме прашала, оти веќе не постои)

Корнфлекс, читам во продавница, и ми текнува

дека и јас бев дете, вљубена во светов, малечка

 

и не знаев дека имало разлика —chia seed, чија си

дали си оттаму или оттука. Не знаев. Имало разлика.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото