Циклични песни

31.07.2020 14:35
Циклични песни


Цикличен расказ
 

овде сигурно
тресат зборови
од стари книги
со пож
oлтени страници
и понекогаш, само понекогаш
ги полеваат цвеќињата.
По неколку пати ги поткреваат
на нос очилата со врвки
за да можат да стојат на врат,
ама никогаш не, па се
бараат кај се истресле
по станот, а се тресат ко
зборови од стари книги
со пожо...

 

15:30

чекам, времево ми се противи,
две жени на кпупана нудат погледи сиви.
15:30

мислам, мислам на тебе.
ме подбутна и во радост се загубив,
и доцниш наеднаш,
баш кога се заљубив.
15:30

чешмиче тече наспроти
оазата од погледи што наминаа,
се појави, мисливе заминаа.
15:30

 

Табела

во редовите запиши си ги деновите,
случките во колоните.
во првата колона опиши случка
за првиот ред и само ископирај за останатите
шест илјади петстотини седумдесет и пет.

Инстаграм: @_seerma

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото