
Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.
Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.
Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.
Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.
Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.
Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа.
Бранимир Јовановиќ, Фејсбук, 31.07.20.