Почина режисерот Алан Паркер

31.07.2020 19:54
Почина режисерот Алан Паркер

Сер Алан Вилијам Паркер, познатиот британски режисер кој ги потпишува филмовите „Евита“, „Багзи Малоун“, и „Полноќен експрес“, почина денеска во Лондон на 76-годишна возраст.

Паркер има режирано голем број познати филмови, вклучувајќи ги „Bugsy Malone“ (1976), „Midnight Express“ (1978), „Fame“ (1980) „Mississippi Burning“ (1988), „Еvita“ (1996), „Angel Heart“ (1987),  „Angela’s Ashes“ (1999), „The Life of David Gale“ (2003). Во 2015 година објави дека ја завршува својата кариера. „Режирам од својата 24 годишна возраст и секој ден е борба во оваа работа, било да се расправаш со продуцентите кои имаат поинакво мислење, или со студијата, или некој друг. Филмот стана премногу скап и колку што е поскап, толку е поголем бројот на луѓе на кои мора да им се покорувате“, изјави тој.

Снимаше филмови од различни жанрови, од комедии преку драми до трилери и хорор, а особено е познат по мјузикли. Филмовите на Паркер имаат освоено 10 Златни глобуси и 19 награди БАФТА.

Тој е еден од основачите на „Directors Guild of Great Britain“, здружение што ги собира режисерите на сите медиуми (филм, ТВ, радио, театар), а беше и на чело на Британскиот филмски совет. Тој ја носеше и почесната титула витез од 2002 година.

Роден е во работничкиот дел од Лондон, во 1944 година, а кариерата ја почнал со режирање на реклами и ТВ филмови. Паркер направил пробив во Холивуд со својот прв филм „Багзи Малоун“ од 1976, за две години подоцна да го сними своето најпознато дело „Полноќен експрес“. Биографската драма за американски студент кој е фатен со дрога во Турција освои два Оскари од шесте номинации, вклучувајќи и ја и наградата за најдобра режија. Тој ја доби втората номинација во 1989 година како режисер на „Мисисипи во пламен“.

Неговото семејство објави дека починал во Лондон по долго боледување.

ОкоБоли главаВицФото