Медуза

02.08.2020 16:50

Пο толку широчина
крстопати на морски струи
сол од секаде
како да жарам и палам
без месо, минато и рбет?
Имам бивша слободна форма
без отров, неоплодена и обла.
Ви се доближувам
о, карпи на есента
шкрти сонца, случајни минувачи со пес
ме гледате најпосле разбиена
велејќи „уште една мртва“.
А јас - никогаш поблиску до себеси
ве потсетувам утрово
на длабочините и целта
што Ве одржува привидно влажни
и топлокрвни

10.10.1981., Неа Мудања

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото