Како да се испегла чипс и други трикови

05.08.20 00:58

Канадската уметница Габ Боис (Gab Bois), во своите дела користи секојдневни предмети за да создаде фотографии кои ја пресвртуваат реалноста и илустрираат бизарни, но сепак остроумни концепти. Ефектот честопати го постигнува со користење на техники за пост-обработка, сликите прикажуваат неприродни двојни животи и невозможни подвизи, на пример, како да се испегла чипсот, како слушалките да останат на место и слични животни трикови. Авторката смета дека идеите се главните ѕвезди, а фотографијата е само алатка за превод на тие идеи.

Габ Боис дипломирала ликовна уметност, а со фотографија почнала да се занимава по завршувањето на факултетот, наоѓајќи инспирација во световното и случајното. Таа претпочита да создава сосема нова сопствена имагинација и соништа и смета дека на тој начин фотографиите се поавтентични.

Извор: thisiscolossal.com

 

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око

ОкоБоли главаВицФото