Душата обожава да плива

05.08.2020 12:31

Анри Мишо, „Мрзливост“

Плива помешечки
за да ги гледа внатрешните неба
се разминува со птиците риби
светот е полн со населби
се гледа себеси како протечува
(има рбет, бели изглодани коски)
ѝ го земале говорот
ја сториле вкусна храна за трошење
ака помешечки
паѓа сосем долу
плива само за оние кои ја турнале во вода
да потоне од својот ленгер закачен за јазикот
а таа итрица
патува надолу
се врзува за камче
молчи илјада години
се обвиткува во седеф
расте простум
остане ли таму
еден библиски ден
во младото бисерно доба
ќе се појави на површината
како копно-глечер
на кого првите птици ќе се одмораат
колвајќи сол
                   за солзи

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото