1008 hPa
48 %
28 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 13:59
Покрај тоа што беше писателка се занимаваше и со филмска критика, моден дизајн, таа беше режисерка, како и авторка на театарски претстави. Има објавено над шеесет книги, педесет под нејзино име, петнаесет под псевдоним.
Родена е во Сараево на 10 декември 1967 година, каде завршила средно училиште, а Факултет за драмски уметности во Белград, на Катедрата за драматургија, каде ги завршила магистерските студии и извесен период работела како асистент по предметот сценарио.
Во 1986 година, на 18-годишна возраст, ја објави својата прва книга насловена „Прво разбудена“, за која ја доби наградата на Книжевна младина на Југославија.
Со оглед на тоа дека нејзиниот дедо, Душан Ѓуровиќ бил претседател на Друштвото на писателите, Исидора се сретнала со големи писатели како Иво Андриќ и Меша Селимовиќ.
Како млада жена се залагаше за демократија, укинување на задолжителниот воен рок и крај на дискриминација врз геј-популацијата, поради што, меѓу другото, веруваше дека тогашната влада ја прислушкува и ја следи.
Како телевизиски автор работеше на повеќе проекти, како емисијата „Клот-Фркет“ на БК телевизија и БН телевизија и „Љубовен водич на Исидора“ на телевизијата Метрополис.
Како сценарист и режисер го потпиша првиот српски независен филм, „Дорќол-Менхетен“ во 2000 година.
Како моден дизајнер на шапки, одржа над десет модни ревии и доби голем број на меѓународни награди.
Како колумнист и филмски критичар, таа пишуваше за речици сите поголеми весници од поранешна Југославија. Најдолго време остана во „Курир“, кадешто од 2003 до 2007 година, пишуваше колумни по наслов „Блек сабат“.
Бјелица е автор на наградувани радио драми, од кои драмата за Исидора Секулиќ доживеа најголем успех.
Исто така, Исидора е добитнчка десетина книжевни награди и многубројни награди за нејзината хуманитарна дејност. Беше во брак со Небојша Пајкиќ, филмски критичар и професор и мајка на синот Лав Григориј и ќерката Вила Евангелина.
Во една своја книга вака се опиша: „Таа е Пајкиќ Исидора Димитриевна Бјелица. Русокоса, десничарка, војвотка, политарт комесар и скандал-мајстор на српската политика, миленичка на воените злосторници и организаторка на нацистичката журка во Сараево, озлогласена писателка, сопруга, мајка, тореадорка и пријателка на меѓународните монархистички кругови...“