Јас и таа

06.08.2020 15:12


Се чека ред.

Еден збор непоканет влезе на третата страница

Од речникот на филозофите од Оксфорд

Ало?

Да?

Која си ти?

Што сакаш?

А ти која си

Да ме прашаш?

На зборот ништо не му беше јасно

Буквите во него

Од нигде никаде

Започнаа војна

Со домино ефект

Таму некаде

И не, зборот не беше цунами

Во почетокот

Ниту пеперуткино крилце

Во челуста на празнината:

Зборот едноставно

Стоеше на врвот на јазикот

И чекаше ред

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото