Држење диета е глумење организам

07.08.2020 09:54
Држење диета е глумење организам

 

Да си бев бугарско ќебапче... Да бидам жива однатре.

 

Толку е добро јадењето што на келнерката ѝ реков мамо.

 

ПрејАди на главното.

 

Запрете го келнерот, јадењето сака да спадне.

 

Добар апетит. Целиот фустан ќе го облакаш?

 

Финтата со најадувањето е што после не си гладен.

 

Држење диета е глумење организам.

Пире е поубаво од палента и тука нема компирмис.

 

Можеби црвените пиперки се во мода, но патлиџанов е помодар.

 

Цедевита е лабилна шумеча таблета.

 

Фраерски шумски овошја: Курајберис.

 

Sorbet, égalité, crème brûlée.

 

A kade e mojito libe?

Колку пати имам кажано пиво не се мучка у уста, устата пења ми фати!

 

Не верувам дека симит погачата ќе преживее ко концепт, ако сакаш наречи ме и песимит.

 

Не верува тој во еспресо, латеист е.

 

- На кого му текна тоа мајкијато бе?
- Не знам, сѐ се случи така молзКавично.

 

- Зошто стално правиш соленки?
- Пошо секогаш сум на грисина на задачата.

 

- Прекини да си играш со зборови и кажи што ќе правиш сега.
- Ќебапнам салата.


Слики: Peter Jacob Horemans (1700 – 1776)

ОкоБоли главаВицФото