Онлајн базар на рачни творби „Креативноста на дело”

07.08.2020 16:25
Онлајн базар на рачни творби „Креативноста на дело”

Институтот Креативна Македонија информира дека од 6 до 20 август се одржува он-лајн базар на рачни творби во рамките на проектот „Креативноста на дело”.

„Ве покануваме да го посетите нашиот онлајн базар, на кој ќе може да си одберете и купите она што ви се допаѓа , за вас и вашите најблиски, од безбедноста на вашиот дом“, велат од „Креативна Македонија“. Онлајн базарот може да се посети на следниов линк.

Од Институтот известуваат дека во јули бил спроведен проектот „Креативноста на дело”, со кој на интерактивен начин била доближена креативната дејност до пошироката јавност. На четири онлајн работилници се изучувале традиционалните занаети: срма, ќостек, плетење како и веќе одомаќинетиот занает за изработка на накит и декоративни елементи, фимо.

Промотивната кампања за проектот „Креативноста на дело“ беше поддржана од Град Скопје.