Non curfew song (3)

10.08.2020 10:33
Non curfew song (3)

Ако ви промакнало, денес е Петровден, а утре е Паловден (Павловден) у мој кантрисајд, битни празници шо се слават у с. Ратево и Пехчево со куп дешавки. Е ама сеа не може, па снаѓи се како кој.

Ја отко решив дека не сум се заразила со Ковид од „неа“ која шо е иначе 300% боље, со нејзини зборови, у штипска болница, и отко Бари (кој иначе имаше рупа у срце и Таџер го оперисаше) ми се јави пред некој ден да „ме пита куга че дојда“ оти очигледно нема да умирам, па удривме и еден „прас сос мас“, тоа ви е епитомот на летно Берово за мене, перцата праз шо се потстрижуат за празот да се здебели, па зготвени на мас‘ со салтанати и лути пиперки и патлиџан, па се мацка со леб и сирење, а денес Мајсторо и Дарко решиле да донесат пастрмка од Желевица, ма супер место „на половин пате меџу Берово и Делчево" со блесав газда косијанер и пун куфер пцета и рибници со пастрмка и шаран, ама нема дозвола за ресторан, пошо решил типот дека тоа многу поткуп ќе го кошта, а исто ќар ќе му остануе, па боље му е да си биде таков подивјачки аутфит кај шо он има маси ако баш таму решиш да ја јадеш рибата шо он ќе ти ја напраи на скара, ти ќе си донесеш алкохол, ил‘ ќе си ја носиш дома. Нашава дома си дојде.

Ова го прикажуем пошо сакам да ги спомнам типојте шо ги има по Македоњава врз која сите се изнајадовте говна, а веќе си ги има приличен број кои си имаат подизградено паралелен систем на функционирање, многу често без никаков допир со УЈП и остали жуљачи, а и со достаточен бартер, а и глупи не се, ама доста од нас дежурниве дрфкачи по мреживе не ги ебаваме баш нешо многу многу, а нив им одговара така. Ал‘ само за да знаете дека можда и откако сите ќе му се изнагрозите на земјево и ќе си отидете таму кај шо ќе си доете на готово, пошо овде ни за револуција не го бивало, ќе си остане некој шо ќе го изгради тој алтернативниот вотевр, бат ит ејнт гона би ју.

Деноиве сум нешо бизи, изнапраив и малинови и рибизлови џемчиња, настрана интелектуалическово ринтање за леб, па нешо не ми иде oва моево лично и персонално интелектуалишење, шо ради зафатеност, шо ради остали ѓо потресуечки дека ќе се ковидосaм и нема да можам да гласам, ха-ха, ама, wow, both ways, како и да е, закоравен поддржувач сум на демократија дур не се снајдеме со нешо побоље.

Ал ако ве дрмка класичната македоначка, и општо земено лузерска, болес‘ ,од типот колку ми е мене тешко ти не знаеш!!!, еве ви една ствар уше и пред ја да се родам, испеана од жена шо сите ја знаете, иако и муж ѝ Ајк е музичка генијалац, ал‘ тотално неподобан ко џукела шо тепа жена си и шо све не друго, а па и продуцентов на стварва со која он покажуе колку и он е генијален со својот wall of sound, e иста таква мушка џукела, чак и у затвор заврши шо упуца жена, баш така, бенг и туп.

Значи Тинка ги преживуе и обајцата и стануе поише славна и поише призната и од двајцава, значи може се и побоље од тоа шо обично си мислиме.

Важно по аристократические Набоков си се прошуњав со песко и си седнавме на салатки и „бероски свадбарски компир сос пастрмка изгрилана баш таман и нормално раќиица и некуи други пиењенца.

Фотографија: Vivian Maier

 

Слични содржини

Книжевност / Живот
Прашалник за ... / Книжевност
Книжевност / Живот
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото