„Моето мало парче приватност“

10.08.20 11:21

Уметникот од Берлин, Никлас Рој (Niklas Roy), во својата видео инсталација насловена „Моето мало парче приватност“ се занимава со својата загриженост за приватноста и особено заштитата на приватноста на Интернет.

За да ги спречи минувачите да не гледаат во неговата работилница,  на прозорецот ставил бела проѕирна завеса која само делумно го покрива  прозорецот.

Дел од овој ироничен проект е  снимањето на минувачите пред прозорецот на неговото студио. Секое движење надвор активира механизам што ја поставува тенката ткаенина пред човекот што се обидува да погледне внатре. Видеото го прикажува резултатот: прикажани се различните стратегии што ги користеле минувачите за да го надмудрат механизмот кој ги следи нивните позиции: брзо мавтање со раката или скокање од едно на друго место, но никогаш не успеваат да го измамат подолго од една секунда. Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото