Слепо око, 9

12.08.2020 13:13

Стеблото се влева во својата ноќ. И како одвишно лисје додева далечното ѕвонење, таа постојана свирка, која е присност на зборовите.

Фала ѝ на ранливоста која сето тоа го зборувала, осетливата рака веќе трнее, набојот гo стиска; од целото располагање - само присутноста на расплетот, а вистинската казна нè заобиколува.

Празникот е самиот спомен на трите состојби во кои го познававме: сè уште не, сега веќе и никогаш повеќе.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото