Часовник

13.08.2020 18:00

На шестгодишна возраст
му напиша на Дедо Мраз
да му донесе рачен часовник.

По смртта на татко му
си го пронајде писмото
меѓу старите фотографии.

Дедо Мраз му донесе
избледена енциклопедија
со шеесет прашања за времето.

Писмото го беше заборавил,
но со години собираше
рачни часовници.

Неговите деца со нив си играат
те сервис те продавница
или антикварница.

Тој не се лути. Ги навива,
ги брише, ги реди во кутијките,
ги пребројува и наслушнува.

И секоја ноќ срипува в сон
во мигот кога стрелките им застануваат
за да му одадат почит на часовникот што го нема.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото