Што се Македонците претежно

14.08.2020 11:45
Што се Македонците претежно

 

Бугари недругари!

Македонците претежно се Бугари:

Разлабавени ногари, по нерви стругари,

Лоши другари, наакани, наапани ко загари,

Ко Турци пушат цигари.

 


Турци стаорци!

Македонците претежно се Турци:

Чудна мешавина од агресивни императори-стаорци, 

Мрзливи ориентални штурци, перфидни комарци

И робови-ларви зачмаени во кожурци.

Србите се црви!

Македонците претежно се Срби,

Се мислат први, urbi et orbi, а всушност се црви,

Мрзи спремни само за пљачкашки борби,

Творби за празнење на туѓи торби.

 


Грците се срчи!

Македонците претежно се Грци,

А Грците се срчи; Гркот само фрчи, брчи, крчи,

Се перчи и прчи, сака да стрчи,

Наголемо арчи и сите ги грчи.

Албанци Индијанци!

Македонците претежно се Албанци,

Што значи: Индијанци и Балканци

(Со дистанци одвоени од Германци и други Европјанци);

Склони кон диви танци и (шверц на) психотропни супстанци.

 


Власи гнаси!

Македонците претежно се Власи,

То ест од пониски се класи & раси:

Или се сиромаси или се богаташки гнаси со полни каси;

Излегуваат на тераси и оттаму се криват и прават гримаси.

Роми у каменоломи!

Македонците претежно се Роми,

Троми, со погрешни хромозоми,

Собрани од колови и ортоми,

Без дипломи - добри се само за каменоломи. 

 

Торбеши ќелеши!

Македонците претежно се Торбеши:

Сакаат кеш, играат шеш-беш, се надеваат на флеш;

Ако загребеш Торбеш ќе наидеш на ќелеш.

Торбеш се носи у беж, али е најбољи реш.

 


Македонци ко пилиња!

Семантички, т.е. тактички (не баш фактички)

Македонците (кобајаги онтички) се антички.

Заправо, во сите тие глави полни со омраза фалат штички

И троа самосвест: разгракани сме вселенски честички.

 

А Македонците, инаку, претежно се ко пилиња.


Цртежи: Stefan Zsaitsits

 

ОкоБоли главаВицФото