Опресијата во сликите на Аргаван Косрави

17.08.20 10:23

Аргаван Косрави (Arghavan Khosravi) е иранска сликарка која во своите медитативни слики всушност се занимава со опресијата и човековите права.

Човечките фигури, деловите од антички скулптури или животни ги поврзуваат црвени линии и персиските украсни мотиви ги сочинуваат нејзините внимателно осмислени мултимедијални композиции. Секоја слика таа ја започнува со детално истражување и скицирање.

Еден од главните извори на инспирација на Косрави се социјалните теми во Иран: „Човековите права и поточно, прашањата за правата на жените, патријархатот и некои нивоа на родовиот апартхејд. Повеќе ме интересира решавањето на овие проблеми на симболичен и суптилен начин и мојот пристап е индиректен“. Таа, во своите дела ги вклучува и историските традиции од персиското минијатурно сликарство и исламската архитектура до средновековна слика и античка скулптура.

Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото